Дома Фудбал Роналдо по венчавката на тренинзите се врати со нов имиџ

Роналдо по венчавката на тренинзите се врати со нов имиџ

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, повторно е на тренинг со саудискиот тим Ал-Наср, само неколку дена откако јавно потврди дека стапи во брак со долгогодишната партнерка Георгина Родригез.

Роналдо неодамна, пред само три дена, соопшти дека се оженил со Георгина, а веќе вчера се врати да тренира со Ал-Наср како дел од подготовките за новата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивачите ги изненади со мала промена на стилингот, бидејќи на тренингот се појави со нова фризура, значително пократка од претходната.

Сезоната во саудиската Премиер лига започнува веќе утре, кога Ал-Наср на свој терен ќе го пречека тимот Ал-Фатех. Овој дуел ќе биде почетокот на нивната амбиција за одбрана на титулата шампион.

Да потсетиме, подолго време кружеа гласини околу венчавката на Роналдо и Георгина, која конечно се случи, но двојката сè уште не открила дали организирале свадбена прослава за овој важен настан во нивниот живот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teшка е судбината на поранешниот шампион: Сега е ставен на продажба!

Поранешниот англиски шампион Лестер Сити, наводно, е ставен на продажба, според извештаите…