
Манчестер Сити ја одби и втората понуда на Барселона за Родри, која овој пат достигна сума од околу 60 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англискиот клуб го проценува шпанскиот играч за средина на терен за износ помеѓу 70 и 75 милиони евра. Родри има желба да премине во Барселона, а во Манчестер го сметаат неговото заминување за многу веројатно.
Како резултат на тоа, Сити веќе започна потрага по замена, а водечки кандидат е Енцо Фернандез од Челси. Челси пред три и пол години плати на Бенфика 125 милиони евра за аргентинскиот фудбалер, а неговата сегашна пазарна вредност се оценува на 100 милиони.
Исто така, Сити се наоѓа во напредни преговори со Ал-Кадсија околу продажбата на Тијани Рејндерс. Се очекува договорот да надмине вредност од 60 милиони евра. Холандскиот играч ја прифати понудата од саудискиот клуб и не тренираше со тимот додека го чека финализирањето на трансферот. Неговата продажба, само една година по доаѓањето од Милан, ќе му овозможи на Сити да ослободи средства за нови засилувања во средниот ред.