Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ одново одличен, шоу на Вестбрук, Хјустон ги изненади Далас и Дончиќ 🎥

Јокиќ одново одличен, шоу на Вестбрук, Хјустон ги изненади Далас и Дончиќ 🎥

Уште една возбудлива вечер во НБА лигата е зад нас.

Расел Вестбрук имае уште едно свое шоу и стигна до нов трипл-дабл во триумфот на Вашингтон со резултат 116:113 против Орландо. Вестбрук натпреварот го заврши со 23 поени, 14 скокови и 15 асистенции.

Денвер со 106:96 славеше против Сан Антонио. Како и вообичаено прво име кај Денвер беше Никола Јокиќ со 25 поени, 9 скокови и 10 асистенции.

Хјустон во интересен натпревар го изненади Далас и славеше со 102:93. Вал со 31 поен беше најефикасен кај Рокетси додека на друга страна Дончиќ уфрли 23 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Минесота 141:137, Орландо – Вашингтон 116:131, Бостон – Њујорк Никси 101:99, Бруклин – Њу Орлеанс 139:111, Атланта – Мемфис 113:131, Хјустон – Далас 102:93, Оклахома – Шарлот 102:113, Денвер – Сан Антонио 106:96, Феникс – Јута 117:113.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Oфицијално: Флик го напушта Баерн!

Tренерот на Баерн Минхен Ханси Флик и официјално си заминува. Германскиот стратег за негов…