Дома Македонски спорт Јани Атанасов доби место во тимот на колото во Хрватска

Јани Атанасов доби место во тимот на колото во Хрватска

Maкедонскиот фудбалер Јани Атанасов одигра одлично за Хајдук Сплит во победата од 1:0 против Локомотива и така доби место во тимот на колото во Хрватска.

Атанасов доби оценка од 7.7 според „Sofascore“.

Ќе потсетиме, Атанасов во минатиот циклус доби повик од селекторот Благоја Милевски во „А“ репрезентацијата. Повикот дојде дополнително по објавувањето на списокот, но сепак не забележа минутажа.

Списокот за новиот циклус во октомври Милевски ќе го објави утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Влатко Андоновски: Не знам дали во Македонија воопшто имаше женски фудбал кога заминав за САД

Влатко Андоновски веќе подолго време работи како селектор на женската фудбалска репрезента…