Дома Македонски спорт Јани Атанасов: Ги оставивме срцата на терен, заслуживме честитки

Јани Атанасов: Ги оставивме срцата на терен, заслуживме честитки

Jaни Атанасов доби шанса за игра во натпреварите со Италија и Малта во овој квалификациски циклус.

Избраниците на Милевски се прикажаа во одлично светло, а Атанасов против Малта беше од првата минута на теренот и одигра 78 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Заслуживме честитки затоа што ги оставивме срцата на теренот. Уморни сме, но тоа е само мал влог за целите кои ги поставивме. Делувавме многу компактно и заслужено дојдовме до трите бода.

Покажавме дека одлично играме под притисок и мислам дека сме зрели за многу успеси во иднина. На мечот со Малта бевме одлични од почетокот до завршницата. Одлично работевме на теренот и заслуживме победа. Денес мислам дека бевме добри и во офанзивата, ги искористивме шансите и го затвораме овој циклус со важна победа“, изјави Атанасов

Со оваа победа Македонија се врати во игра за едно од првите две места, но мисијата ќе биде и тоа како тешка, иако во овој момент изгледа дека сме блиску. До крајот на очекуваат натпревари против Украина, Италија и Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …