Дома Македонски спорт Ѓорческа немаше среќа: Загуби во маратонското полуфинале во Инстанбул

Ѓорческа немаше среќа: Загуби во маратонското полуфинале во Инстанбул

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа после маратонски меч не успеа да се избори за финале на ИТФ фјучерсот во Инстанбул и загуби од Романката, Ралука Шербан.

На почетокот гледавме израмнет меч во кој и двете тенисерки го чуваа својот сервис и така беше се до 11 гем. Ѓорческа тогаш направи брејк и сервираше за освојување на сетот со 7:5.

Во вториот сет Ѓорческа направи брејк уште на стартот, но Романката се врати и изедначи на 4:4, до крајот на сетот видовме уште два брејка, по еден за двете тенисерки, па гледавме тај-брејк. Таму Ѓорческа немаше среќа и изгуби со 4:7.

Третиот сет најдобрата македонска тенисерка го загуби со 6:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Заштитата од местење на натпревари е една од важните обврски во ФФМ

Фудбалската Федерација на Македонија преку Комисијата за безбедност и интегритет целосно е…