Дома Македонски спорт Ѓоко Зајков ја напушти Украина

Ѓоко Зајков ја напушти Украина

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој неодамна потпиша за Ворскла од Полтава пронајде начин да ја напушти Украина.

По воената операција на Русија врз оваа земја Зајков остана заглавен во Украина меѓутоа сега тој пристигна во Унгарија, тоа го потврди неговата сопруга.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Драги пријатели ви благодарам на сите за грижата.

Јас, Ѓоко и Лука во моментот сме во Унгарија и сме безбедни.

Поминавме огромна голгота и изнагледавме многу лошо слики по патиштата низ Украина во овие 3 дена.

Сакам да се заблагодарам на премиерот Dimitar Kovacevski за постојаната поддршка која ни ја даваше. Не познавам премиер кој е достапен на телефон 24 часа за сопствените граѓани. За секоја препрека по пат со него бевме во постојана комуникација и се правеше се што беше во рамки на можностите.

Воедно сакам да се заблагодарам и на македонскиот амбасадор во Унгарија @Горан Стевчевски за укажаната помош и логистичка поддршка. Macedonian Embassy in Budapest/Македонска амбасада во Будимпешта 2010-2014 Embassy of the Republic of North Macedonia in Hungary

На сите луѓе кои се наоѓаат во Украина им посакуваме безбедно да стигнат во своите домови, а на украинскиот народ што побрзо поврорно да живее во мир. 

Пс. Да не се заборави најголемо благодарам на систер Моника Зајкова – Monika Zajkova Monika Zajkova

што цело време беше со нас во контакт за време на нашето патување и не советуваше и упатуваше за секоја ситуација 

Ти благодарам Господе што не чуваше сите  “, напиша сопругата на македонскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…