Дома Фудбал Десетмина од Ман Сити храбро се бореа, но немаа шанси против Реал Мадрид

Десетмина од Ман Сити храбро се бореа, но немаа шанси против Реал Мадрид

Манчестер Сити загуби со 1:2 на реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Првиот натпревар на “Сантијаго Бернабеу” заврши со победа на шпанците од 3:0, така што со вкупен резултат од 5:1 “белиот балет” продолжува понатаму.

Денес натпреварот се разви лошо за домаќините кои останаа со играч помалку во 20-та минута, кога Бернардо Силва направи прекршок за пенал и доби директен црвен картон. Винисијус Жуниор го отвори резултатот за гостите во 22-та минута, реализирајќи го пеналот.

Со играч помалку “граѓаните” покажаа карактер и успеаја да се вратат во мечот преку Ерлинг Холанд во 41-та минута, иако имаа и други добри шанси, но беше претешко да направат пресврт, а во 94-та минута Винисијус реши се, постигнувајќи втор гол за мадридчани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Златна топка за Лига на шампиони? Тогаш нека ја добие Луис Енрике

Жозе Мурињо го изрази своето мислење за критериумите за доделување на Златната топка, најп…