Дома Фудбал Скијање и пиење не одат заедно: Џон Тери откри што му се случило

Скијање и пиење не одат заедно: Џон Тери откри што му се случило

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, доживеа незгода на скијање во Франција, откако по целодневно пиење и неколку текили се спуштил по патеката и падна. Тери (45) се наоѓа на одмор во луксузното скијалиште Куршевел во француските Алпи, а неговите авантури ги сподели со следбениците на социјалните мрежи, пишува Дејли мејл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалската легенда на Челси, кој работи како тренер и ментор во клупската академија, ги документираше своите доживувања на Инстаграм. Најпрво објави видео на кое се спушта низ снежната патека со англиското знаме во рака, а потоа објави фотографија на која се забавува со пијалак на сонце, сè уште со знамето.

Најголемо внимание привлече неговата трета објава, видео од спуштањето кое го прати со описот: “Не е многу паметно цел ден да се пие, а потоа да се испијат дополнителни три текили пред скијање. Гледајте до крај.” Во видеото се гледа дека Тери, очигледно пијан, се спушта по патеката со англиското знаме во рака.

И покрај неговата состојба, Тери на почетокот успеваше добро да се снајде на снегот и во еден момент дури почна да скија наназад. Сепак, при завршетокот на спустот загуби рамнотежа и падна, но тоа не го вознемири премногу, бидејќи, лежејќи на снегот, почна да се смее.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…