Дома Фудбал ФИФА му одговори на Иран: Морате да одите во САД!

ФИФА му одговори на Иран: Морате да одите во САД!

Само неколку часа откако Фудбалската федерација на Иран објави желба нивните натпревари од Светското првенство да ги играат во Мексико, наместо во САД, од ФИФА стаса реакција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во интервју за „The Athletic“, еден од портпаролите на ФИФА беше дециден.

„Во контакт сме со сите учеснички земји, вклучувајќи го и Иран. Очекуваме сите екипи да ги одиграат своите натпревари според распоредот објавен на 6 декември минатата година,“ извлекуваат од нивната изјава.

Ова фактички значи дека не постојат отстапки за Иран. Тие се во групата Г и трите натпревари треба да ги одиграат во САД. Првиот меч е на 15 јуни против Нов Зеланд, вториот на 21 јуни против Белгија во Лос Анџелес, а третиот со Египет во Сиетл.

Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…