Дома Македонски спорт Славија Софија нема да ја продолжи позајмицата на Ѓоко Зајков

Славија Софија нема да ја продолжи позајмицата на Ѓоко Зајков

Репрезентативецот на Македонија, Ѓоко Зајков нема да продолжи во Славија Софија.

Бугарскиот клуб нема да ја продолжи позајмицата со Зајков. Македонскиот стопер дојде во клубот во текот на зимото како позајмен играч од Ворскла, имаше опција да го продолжи договорот, но бугарскиот тим нема да ја искористи таа опција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во редовите на Ворскла од каде што си замина поради ситуацијата во Украина дојде од Левски. Од идната сезона фудбалерите кои ја напуштија Украина би можеле да се вратат во украинските тимови.

Меѓутоа според информациите Зајков може да остане во Бугарија во друг клуб додека ситуацијата во Украина целосно не се смири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…