Дома Фудбал Aнчелоти за најголемата европска сензација: Тие се најдобри во Европа!

Aнчелоти за најголемата европска сензација: Тие се најдобри во Европа!

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, привлече големо внимание со својот список за мартовските натпревари, на кој недостасува Нејмар.

На истата прес-конференција даде изјава и за бројни други теми, истакнувајќи особено една смела констатација – дека според неговото мислење, во моментот Боде Глимт е најдобриот тим во Европа.

“Во моментов, тоа е најдобриот и најорганизираниот тим во Европа. Не само поради резултатите, бидејќи ги поразија Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Интер и Спортинг, туку и затоа што се најдобриот дефанзивен тим во Европа”, изјави славниот италијански експерт.

Норвешката екипа оваа сезона продолжува да ги поместува границите и да ги изненадува фаворитите. Вечерва oд 18:45 часот ги очекува реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Спортинг во Лисабон.

Боде има огромна предност од 3:0 од првиот натпревар и се наоѓа на чекор до историскиот пласман меѓу осумте најдобри, каде што би се соочил со Арсенал или Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…