Дома Фудбал Спалети блиску до потпишување нов договор со Јувентус

Спалети блиску до потпишување нов договор со Јувентус

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, е блиску до потпишување нов договор со овој фудбалски клуб до јуни 2027 година, пренесоа италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што се наведува, Спалети може да го продолжи договорот до јуни 2027 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Спалети на крајот од октомври го замени Игор Тудор на клупата, кога потпиша договор до крајот на оваа сезона.

Преговорите за новиот договор започнаа пред неколку недели, а двете страни се блиску до договор.

Јувентус е петти во Серија А со еден бод помалку од четврто пласираниот Комо, а Спалети има остварено 16 победи во 29 натпревари.

Откако дојде на 30-ти октомври, само Интер (50) и Милан (42) освоија повеќе поени од Јувентус (38) во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантна изјава: Рафиња се моли да замине од Барселона, има големи финансиски проблеми (Видео)

Бразилецот Рафиња (29) се соочува со поголеми предизвици отколку што е повредата која ќе г…