Дома Останати Кошарка Што се случува со Американците? После Нигерија изгубија и од Австралија 🎥

Што се случува со Американците? После Нигерија изгубија и од Австралија 🎥

После Нигерија и Австралија го победи тимот на САД на припремите пред Олимписките игри.

Пред само неколку дена Американците ги стартуваа подготовките со пораз од Нигерија со 90:87, а сега од нив во Лас Вегас подобра беше Австралија со 91:83. Треба да се спомене дека ова е првпат уште од 1992 година САД да има два порази во низа во подготвителниот период.

Австралија имаше негатива скоро во текот на целиот натпревар, меѓутоа во последните пет минути успеаа да направат пресврт и да дојдат до победата. Најефикасни во нивните редови беа Пети Милс со 22 поени и Џо Инглс со 17. Во редовите на САД Демијан Лилард уфрли 22 и Дурант 17.

Во следната контролка противник на САД ќе биде Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…