Ќе може ли Перез да помине преку се и повторно да соработува со Џонатан Барнет?
На Реал Мадрид не му оди во последно време на теренот, а сега добиваат и лоша вест од трансфер пазарот. Имено, веќе подолго време „кралевите“ се поврзуваат со Едуард Камвинга.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Веста која денес ја пласираше Л’Eкип, а набрзо беше и потврдена гласи: Младиот играч за врска на Рен ја промени агенцијата која се грижи за неговата кариера. Од денес него го застапува Џонатан Барнет.
На кого ова не му е некоја вест значи дека веројатно не ги следел сите проблеми кои ги имаше Реал со Герет Бејл во претходните две години. Бејл со месеци одбиваше да си замине од Реал и ги иритираше сите во клубот со своето однесување, а тука беа и изјавите на Барнет кои само дополнително ги нервираа фановите.
После таквото искуство со Бејл и Барнет големо е прашањето дали Реал се уште ќе има интерес за Камвинга.
„Од денес ние водиме грижа за кариерата на Едуард Камвинга“, ја потврди Барнет веста за медиумите.