Дома Трансфер зона Шпанците тврдат: Баерн Левандовски може да го замени со Роналдо

Шпанците тврдат: Баерн Левандовски може да го замени со Роналдо

Многу информации овие денови се појавуваат во врска со иднината на Кристијано Роналдо. Се повеќе се пишува дека Португалецот ќе си замине од „Олд Трафорд“.

Последен клуб со кој Роналдо се поврзува е тимот на Баерн Минхен. Шпански „АС“ пренесува дека германскиот гигант би можел да го доведе како замена за Роберт Левандовски кој прави се за клубот да го пушти во Барселона.

Најавите од Островот се дека Роналдо не се вклопува во идејата на Ерик Тен Хаг, додека во Баерн ќе добие и можност повторно да игра во Лигата на шампионите што во Јунајтед не би било случај во сезоната која следи.

„После потписот со Садио Мане, Баерн може да го донесе и Кристијано Роналдо со што би станал главна тема во овој преоден рок“, стои во дел од текстот на „АС“.

Ако се случи Роналдо да премине во Баерн тогаш после Премиер лигата, Ла Лига и Серија А Португалецот ќе заигра и во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Петок и сабота во Торино се денови резервирани за Ди Марија и Погба

Се поблиску сме до моментот кога Јувентус ќе ги промовира двете големи засилувања во овој …