Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу побарал оставка од четворица раководители на каталонскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми. Еден од нив е „десната рака“ на Бартомеу – потпретседателот Емили Русо, кој е обвинет за нелојалност и дејства позади грбот на претседателот. Останатите се Енрике Томбас, висок раководител во клубот, одговорниот за вториот тим Селвио Елиас и економскиот директор Жосеп Понт. Бартомеу …