Дома Фудбал Варан: Помош од ВАР? Не ме интересираат такви приказни

Варан: Помош од ВАР? Не ме интересираат такви приказни

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан тврди дека приказните за судиска помош воопшто не влијаат на тимот, кој е фокусиран на освојување на титулата.

„Кралевите“ синоќа го совладаа Алавес со 2-0 и повторно беше досуден пенал во полза на Реал во 11-та минута.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новиот пенал повторно ги разгоре шпекулациите во Шпанија дека Реал Мадрид добива помош од судиите и ВАР системот.

„Тоа не влијае на нас. Не ме интересираат такви приказни. Фокусирани сме на освојување на трофејот и на тоа што се случува на теренот“, истакна Варан.

Реал на три кола пред крајот на првенството има четири бодови повеќе од второпласираната Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…