Дома Останати Шон Вајт испиша историја со трето олимписко злато!

Шон Вајт испиша историја со трето олимписко злато!

Американската суперѕвезда Шон Вајт стана првиот сноубордер во историјата кој освоил три олимписки злата, откако сензационално триумфираше во дисциплината халфпајп.

На „Феникс Сноу Парк“, Вајт забележа резултат од 97.75 поени во последниот трет дел од трката, победувајќи го јапонскиот тинејџер Ајуму Хирано, кој има 95.25 поени. Трет беше Австралиецот Скот Џејмс со 92,00 поени.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


31-годишниот Шон Вајт, кој освои златни медали во Торино 2006 и Ванкувер 2010, обезбеди олимписка титула број 100 за САД од Зимските олимписки игри.

„Не можам да опишам колку сум среќен. Поминав низ толку многу за да стигнам до тука“, изјави Вајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Анчелоти може да добие отказ и пред крај на сезоната – Перез го избрал наследникот?!

Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид не е така сигурна како до пред неколку месеци, а…