Русија ја победи Германија со 4:3 со гол постигнат во продолжението од финалето на хокеарскиот турни одиграно утринава на последниот ден од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Херојот во триумфот на Русите беше Кирил Капризов, кој ја потресе германската мрежа во десеттата минута продолжување во „Пауер“ и го врати својот тим на тронот по 26 години.
За Русите ова е деветто олимписко злато и второ под олимпиското знаме. Од друга страна, Германците се поразени во нивниот прв олимписки финален меч и ова е за нив најголем успех, а беа многу блиску и до златото кое им „избега“ во последната минута од основните 60.
Поради допинг скандалот Русија на олимписките игри во Пјонгчанг се натпреварува под името Олимписки атлети од Русија, а има забрана да се интонира и нивната химна кога ќе освојат златен медал.
Меѓутоа, руските хокеари, заедно со навивачите, си ја пееја својата химна додека во позадина одеше олимписката химна.
То, чего мы ждали: Наша сборная поет гимн России pic.twitter.com/e0U7Xp9zj3
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) February 25, 2018