
Реал Мадрид сериозно започна обид за доведување на Родри од Манчестер Сити. Според информациите кои се појавуваат, мадридскиот клуб го означил шпанскиот репрезентативец како еден од своите главни приоритети.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наводно вчера се одржала тајна средба помеѓу претставници на Реал Мадрид и агентите на искусниот играч за врска.
Според тие информации, Родри е отворен за враќање во Шпанија, а Реал Мадрид е подготвен да направи се за да го донесе на Сантјаго Бернабеу.
Мадридскиот гигант наводно подготвува договор за Родри до 2030 година.
Сепак, директни преговори помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити сѐ уште не се започнати.
Според достапните информации, англискиот шампион поставил цена од 100 милиони евра за својот играч за врска.
Реал Мадрид верува дека би можел да преговара за помала сума и би се обидел да ја намали побараната цена.
Преговорите помеѓу двата клуба би можеле да бидат клучни за евентуалната реализација на овој трансфер.
Родри веќе со години е еден од најважните играчи на Манчестер Сити, а неговото евентуално заминување би претставувало голем потег на пазарот.