Денес роденден слави човекот кој сигурно е еден од најзаслужните што Македонија ја чека европско лето и настап на првото историско Европско првенство – Игор Ангеловски Мрме, човекот со визија си јасна цел!
Во овие моменти цела нација верува во репрезентацијата, видовме и вчера во пријателскиот натпревар со Словенија за кој беа распродадени сите 10.000 билети кои беа пуштени во продажба. Такво нешто во не толку далечното минато изгледаше како научна фантастика. Стадионот се полнеше само кога доаѓаа репрезентации кои имаат во својата тим фудбалски ѕвезди…Ангеловски направи нацијата да го сака националниот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Создаде една неверојатна хемија помеѓу фудбалерите која лесно може да се забележи, атмосферата никогаш не била подобра.
Дека е човек со визија и план покажува потегот кој го направи кога дојде на селекторската функција во 2015 година. Самиот лично отпатува во Италија да го убеди Горан Пандев да се врати во репрезентацијата. Тоа беше почетокот на создавањето на изгледот кој репрезентацијата го има денес.
Се сеќавате како дебитираше? Пред стотина навивачи против Црна Гoра.
Тоа не го откажа, напротив самиот непосредно пред натпреварот со Грузија зборуваше за тие почетоци и откри дека уште тогаш ги убедувал репрезентативците дека работите ќе се променат и Македонија еден ден ќе се бори за пласман на Европско првенство и – еве сме заедно со европскиот крем!
Среќен роденден селекторе и уживајте во успехот!