Дома Македонски спорт Червар после херојската победа: Имаме само еден дрес и игравме со осум јуниори, ние сме единствени во ЛШ!

Червар после херојската победа: Имаме само еден дрес и игравме со осум јуниори, ние сме единствени во ЛШ!

Meталург денеска ја израдува македонската јавност со победата над Спортинг од 28:27, а после натпреварот на клубот од Автокоманда, Лион Червар им се обрати на медиумите.

„Ви кажав и минатиот пат дека е потребно трпение, ние денес игравме со осум јуниори и двајца ракометари од кадетите и таков ростер на играчи нема ниту еден клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите. Првото полувреме го одигравме фантастично и заслужено стигнавме до првите бодови“, истакна Червар кој потоа зборуваше и за ситуацијата во клубот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Ќе ви кажам едно нешто, имаме само еден дрес и доколку тој се скине, можеби и нема да играме. Навистина сум горд на овие момци, ова се ракометари кои играат со срце“, изјави Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар му се реваншира на Кристијанштад и го презема врвот во групата

Ракометарите на Вардар 1961 конечно им се вратија на победничките патеки и на домашен тере…