Дома Фудбал Англија Челзи под истага за трансфери од ерата на Абрамович

Челзи под истага за трансфери од ерата на Абрамович

Челзи може да има сериозни проблеми откако Премиер лигата почна да ги истражува трансферите на Вилијан и Самуел Ето од Анжи, во летото 2013 година.

Ова е дел од пошироката истрага за офшор плаќања за време на ерата на Роман Абрамович. Имено, чудни плаќања се случиле кога се во прашање трансферите на Самуел Ето и Вилијан.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека се случиле некои дополнителни плаќања кои не се дел од трансферот, но се наведени како дел од трансферот.

Анжи го доведе Вилијан за 30 милиони евра од Шахтјор во јануари 2013 година, а осум месеци подоцна за исто толку пари го продаде на Челзи.Од друга страна, неколку дена подоцна, Ето се пресели во Челзи како слободен играч.

Доколку истрагата покаже дека премиерлигашот е виновен, тогаш Челзи ќе добие казна, која може да биде парична, но би можеле да му бидат одземени и бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФФМ доби нов партнер

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со…