Дома Фудбал Лансирана голема „бомба“ од Англија: Премиерлигаш ги договори личните услови со Винисиус Жуниор! 

Лансирана голема „бомба“ од Англија: Премиерлигаш ги договори личните услови со Винисиус Жуниор! 

Арсенал наводно направи голем чекор кон доведување на една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите кои ги објавија мошне доверливи извори блиски до клубот, „Топчиите“ постигнале начелен договор за личните услови со Винисиус Жуниор.

Веста ја пласирале HandofArsenal и MrArsenicTM, извори кои со години ги следат случувањата во Арсенал и кои се меѓу најценетите кога станува збор за информации поврзани со лондонскиот клуб. Нивните објави често претходат на официјалните потврди, поради што навивачите на Арсенал со посебно внимание ги следат.

Сепак, потенцијалниот трансфер на бразилскиот репрезентативец би бил сѐ само не едноставен. Како што се наведува, тимот на Винисиусовите претставници, односно Roc Nation, е подготвен да започне преговори со Реал Мадрид, а Арсенал би учествувал во целата приказна со огромна понуда.

Доколку Винисиус пристигне на „Емирејтс“, тоа би претставувало една од најголемите трансфер бомби во историјата на клубот. Бразилецот е со години еден од клучните играчи на Реал Мадрид, со кој освоил многу трофеи и станал едно од заштитните лица на европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како гром од ведро небо: Салах потпишува на 2 август за клуб кој ретко кој го очекуваше?

Фудбалскиот свет го потресе веста која во петок дојде од Турција. Според кажувањата на там…