Дома Трансфер зона Челзи му го продолжи договорот на Аспиликуета, но нема да му стои на патот

Челзи му го продолжи договорот на Аспиликуета, но нема да му стои на патот

Челзи нема да му стои на патот на капитенот Цезар Аспиликуета, ако сака ова лето да се пресели во Барселона.

Договорот на 32-годишниот дефанзивец беше еднострано продолжен на уште една година, откако Челзи ја искористи таквата опција во договорот.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Аспиликуета во договорот имаше клаузула со која Челзи можеше автоматски да му го продолжи договорот на додатни 12 месеци.

Во моментов клубот не може да потпишува нови договори поради санкциите кои ги има, но случајот со Аспиликуета е поинаков и договорот се продолжува според претходно договорена клаузула.

Познато е дека Барселона е силно заинтересирана за Шпанецот, но Челзи нема да му стои на патот и ќе му дозволи да се пресели на „Камп Ноу“ доколку дефанзивецот го побара тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …