Дома Трансфер зона Тухел: Не сакам да го пуштам Аспиликуета во Барселона

Тухел: Не сакам да го пуштам Аспиликуета во Барселона

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека е малку иритиран од начинот на кој Барселона сака да го ангажира капитенот на лондонскиот клуб, Цезар Аспиликуета.

32-годишниот дефанзивец има договор на уште една година и побара од клубот да си замине за да се врати во Шпанија, каде веќе има договор со Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На прашањето за иднината на фудбалерот, Тихел истакна: „Тоа е тешко прашање бидејќи не сум сигурен дека сакам да му го дадам на Аспи она што го сака. Направив споредба како се боревме за Кулибали, кој е репрезентативец и на слична возраст. Тој е исклучително важен играч за Наполи и имаме шпански репрезентативец кој е капитен на Челзи. Го гледам на исто ниво, но Барселона не го гледа на слично ниво“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…