Дома Топ вести Челзи во јануари носи хрватски тандем!

Челзи во јануари носи хрватски тандем!


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


Италијанските и англиските медиуми пренесуваат дека Челзи во зимскиот преоден рок сака да донесе двајца хрватски репрезентативци, а станува збор за Марсело Брозовиќ од Интер и Милан Бадељ од Фиорентина.

Наводно Бадељ е прв избор на Антонио Конте и ќе направи се за да го донесе на „Стенфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок, најверојатно како замена за Цеск Фабрегас.

Хрватот е спремен да ја напушти Фиорентина, а покрај Челзи за него силен интерес покажува и Милан, кој сакаше да го доведе уште во летниот преоден рок.

Другата трансфер цел на Конте во јануари ќе биде Марсело Брозовиќ кој оваа сезона не е стандарден во Интер и не е во добри односи со тренерот Де Бур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал спреми 100 милиони за Лаутаро

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ Приоритет на Реал Мадрид во летниот …