Дома Фудбал Останато Арда Туран може да добие затворска казна од 12 години!

Арда Туран може да добие затворска казна од 12 години!

0

Турската фудбалска ѕвезда Арда Туран се соочува со драконска затворска казна поради инцидентот кој го направи во еден ноќен клуб во Истанбул.

Имено, Арда Туран може да лежи 12 и пол години затвор за инцидентите, по кои пејачот Беркај Шахин заврши во болница во октомври минатата година.

31-годишниот фудбалер се додворувал на сопругата на Беркај, а потоа и физички го нападна и му нанесе тешки телесни повреди.

Туран се соочува со четири тешки дела на судското рочиште против него кое стартуваше токму денеска, на кое се појави и самиот фудбалер.

Во обвинението против Арда постојат дела за сексуално вознемирување, нанесување телесни повреди, носење оружје во болница, како и поседување на оружје на нелегален начин.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Слободни удари: Меси па – Коларов!

Александар Коларов дефинитивно е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот…