Дома Фудбал Црвена Звезда ја напуштија двајца играчи!

Црвена Звезда ја напуштија двајца играчи!

Поради пандемијата со коронавирусот Црвена Звезда ги намалува трошоците, нешто што повеќето клубови веќе го направија.

Фудбалерите и раководството на клубот вчера се договорија да ја намалат платата за 50% се додека трае пандемијата, а веќе денеска двајца играчи веќе ги напуштија редовите на српскиот првак.

За Црвена Звезда повеќе нема да играат Раџив ван Ла Пара и бразилецот Жандер. Холанѓанецот беше еден од најплатените играчи на тимот, додека Жандер заработуваше нешто помалку.

Со заминувањето на Ван ла Пара и Жандер ќе се олесни клубската каса, а договорено е да бидат исплатени заклучно со 31. март.

Двајцата фудбалери на стадионот Рајко Митиќ пристигнаа минатото лето, но поради коронавирусот во Звезда не се задржаа ни една година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марсело покажа како изгледа неговото тело по изолацијата (ФОТО)

Mногу фудбалери ја искористија домашната изолација за да работат на нивната физичка форма.…