
Раководството на Барселона продолжува со напорите да го доведе напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спортскиот директор на каталонскиот клуб, Деко, заедно со својот асистент Жоао Амарал, пристигна во шпанската престолнина за важна средба со агентот на 26-годишниот аргентински репрезентативец, Фернандо Идалго. Предмет на дискусиите е изработка на стратегија и разгледување на последните чекори за реализирање на трансферот.
Алварес моментално е на одмор на Ибица по Светското првенство и се очекува да се приклучи кон кампот на Атлетико наредниот понеделник. Сепак, луѓе блиски до играчот тврдат дека тој сака да ја смени клубската средина. Според неговите агенти, Хулијан има желба да игра само за Барселона и да биде дел од тимот под водство на Ханси Флик следната сезона.
Барселона веќе одамна испрати понуда од 100 милиони евра за Алварес и не се откажала од неа. Јавните изјави и решителноста на фудбалерот го поттикнаа Деко да отпатува во Мадрид и да направи нови потези. Меѓутоа, ставот на Атлетико останува на непоклатлив. Извршниот директор на клубот, Мигел Анхел Хил, категорично ја отфрли можноста за продажба, изјавувајќи дека напаѓачот нема да го напушти клубот “ниту за 100, ниту за 150, ниту за 200 милиони евра”.
Постојат тензии меѓу двата клуба, а од Атлетико веќе поднесоа жалба до Шпанската кралска фудбалска федерација поради постапките на „Блауграна“, што предизвика истрага. Средбата на Деко со агентот на Алварес е значаен чекор, но главниот предизвик за Барселона останува да се најде начин за преговарање со Атлетико, кој во моментов не е расположен за дијалог.