Дома Фудбал Бомба од Шпанија: Деко „уловен“ во Мадрид, отпатувал за да заврши голема зделка за Барселона!

Бомба од Шпанија: Деко „уловен“ во Мадрид, отпатувал за да заврши голема зделка за Барселона!

Барселона наскоро би можела да го заврши еден од најатрактивните потези на летниот преоден рок, а најновите информации што стигнуваат од Шпанија уште повеќе ги зголеми очекувањата меѓу навивачите на каталонскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сè започна со објавата на познатиот каталонски новинар Жерард Ромеро, кој во неговиот пренос во живо порача дека сите треба да останат будни бидејќи следува „голема ноќ“.

Потоа, Ромеро излезе со информацијата дека спортскиот директор на Барселона, Деко, денес отпатувал во Мадрид.

За да ги поткрепи своите тврдења, тој покажа снимка на која Деко се наоѓа на аеродромот.

Според неговите сознанија, патувањето во главниот град на Шпанија е поврзано со преговори за трансферот на Хулиан Алварез.

🚨 ¡ÚLTIMA HORA! Деко веќе пристигна во Мадрид за состанок за Хулиан Алварез

🔵🔴Спортскиот директор ќе се сретне со агентот на аргентинецот за да ја продолжи стратегијата за операцијата

📹 @sport x @JijantesFC | @monfortcarlos pic.twitter.com/u5Uaqf18qN— Diario SPORT (@sport) 4 август 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор пред најголемото засилување ова лето!

Арсенал е на чекор од потпишување со капитенот на Њукасл јунајтед Бруно Гимараеш, откако д…