Дома Фудбал Падна договор: Мохамед Салах има нов клуб

Падна договор: Мохамед Салах има нов клуб

Трабзонспор објави дека започнал преговори со Мохамед Салах, а претседателот на клубот се надева дека египетскиот напаѓач ќе потпише договор до крајот на неделата. Салах ова лето стана слободен играч по девет години поминати во Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Започнати се преговори за трансфер на професионалниот фудбалер Мохамед Салах, кој во моментов е слободен играч, во нашиот клуб. Утре ќе пристигне на аеродромот во Истанбул, а во вечерните часови ќе дојде во Трабзон“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган, изјави за телевизијата A Spor дека трансферот сè уште не е официјално завршен, но потврди дека се очекува Салах да пристигне во Истанбул денеска на медицински прегледи.

Потоа, тој треба да отпатува за Трабзон и да го потпише договорот, што според зборовите на Доган треба да се случи во четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино свика итен состанок по жестоките критики

Претседателот на светската фудбалска организација е под напади од речиси сите страни, вклу…