Дома Фудбал Арсенал на чекор пред најголемото засилување ова лето!

Арсенал на чекор пред најголемото засилување ова лето!

Арсенал е на чекор од потпишување со капитенот на Њукасл јунајтед Бруно Гимараеш, откако двете страни постигнаа договор за трансферот.

Според информациите од Англија, останува да се завршат формалните работи, додека бразилскиот репрезентативец се наоѓа со тимот на Њукасл на подготовки во Шпанија и чека дозвола од клубот за да отпатува за Лондон.

„Топџиите” веќе организираат лекарски прегледи за 28-годишниот везист, кои би требало да се завршат во текот на оваа недела.

Иако официјалната вредност на трансферот уште не е потврдена, британските медиуми наведуваат дека зделката може да достигне дури 93 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…