Во првиот европски натпревар оваа сезона, ДИНАМО ја декласира казахстанска Астана со 4:0, оставајќи му на ривалот само теоретска можност да се пласира во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите.
Хрватски Индекс во својата анализа имаше пофални зборови за играта на Ристовски на новата позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Улогата на Стефан Ристовски може да биде патоказ за Бишчан за продолжението на сезоната. Стандардниот десен бек на Динамо исто како и против Хајдук играше во средината на одбраната.
Бишќан и претходно го користеше Македонецот како стопер, но најмногу на дерби натпреварите како лек за Марко Ливаја, кому помалку му одговараат пониски и помоторни дефанзивци отколку „крупни“ стопери.
Бишчан реши да го стави Ристовски на стопер во натпревар во кој Динамо имаше доминација и посед, токму како што се очекуваше против сите клубови во ХНЛ, освен Хајдук, Риека и Осиек, особено на домашен терен.
Ристовски е брз и одлично може да ја покрие длабочината зад бековската линија, особено ако се земе предвид дека Доминик Ливаковиќ е голман на кој истрчувањата не му се јака страна.
Целата анализа на Индекс.хр прочитајте ја ТУКА