Фановите на Формула 1 со нетрпение ја чекаат новата сезона, бидејќи многумина сакаат да видат дали некој може да ги собори од тронот Луис Хамилтон и Мерцедес.
Февруари секогаш е резервиран за претставување нови автомобили, а екипата на Хас е првата што го скрши мразот. Хас денес и официјално го откри изгледот на новиот автомобил кој навистина изгледа прекрасно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На новиот болид доминира црно-белата боја, а се разликува од претходниот на кој покрај црната беше и златната боја.
Од овој тим се надеваат дека нивниот нов болид ќе биде подобар од последниот со кој не се прославија многу во претходната сезона. Сепак, она што Хас го подготви за новата сезона ќе го видиме на 15-ти март на трката во Мелбурн.