Дома Фудбал Англија Хари Кејн ќе биде спремен за остатокот од сезоната

Хари Кејн ќе биде спремен за остатокот од сезоната

Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн изјави дека е многу блиску до комплетна рехабилитација и враќање на терените после тешката повреда која ја доби на 1-ви јануари.

Кејн потврди дека има потреба од уште две-три недели за целосно да се врати во форма, а тоа значи дека ќе биде спремен за игра кога ќе продолжи сезоната во Премиер лигата.

Паузата поради пандемијата одлично му дојде на Хари Кејн, бидејќи во моментов нема фудбал на Островот, а се очекува сезоната да продолжи дури во мај.

„Добро сум, рехабилитацијата течи одлично. На добар пат сум и работам засилено. Се опоравувам и со нетрпение чекам што ќе се случи со сезоната. Ќе бидам спремен за две-три недели“, изјави Кејн.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри проговори како Јувентус го „предаде“, а имал понуда од Реал Мадрид

Масимилијано Алегри после една година пауза изјави дека ги наполнил батериите и дека е спр…