Дома Останати Авто Мото Хамилтон: Макс е човек за кој не важат правила, тој одлучи да се „тепа“

Хамилтон: Макс е човек за кој не важат правила, тој одлучи да се „тепа“

Луис Хамилтон после вчерашните случувања и казната за Макс Верстапен дојде до победа и во последната трка и Хамилтон и Верстапен влегуваат ист број на бодови.

Во Џеда имаше искри, взаемен судир, дуели и прекини. Хамилтон по трката даде свој коментар.

„Не знам зошто Верстапен закочи на кривината 27. Јас се удрив во него и тој продолжи да вози, не знаев што се случува. Тогаш добив порака дека треба ме пропушти, за мене тоа беше збунувачки“.

„Се тркав со многу возачи во изминатите 28 години сретнав разни личности кои ја поминуваа границата, луѓе за кои не важат правила. Макс е таков тип, ги избегнував судирите со него на многу места и не ми е тешко јас да сум тој што бега затоа што тој одлучи да се „тепа“. Видовте, сега ми ги „тестираше“ кочниците нагло кочеше“, изјави Хамилтон.

Во последната трка во Абу Даби се ќе биде отворено затоа што како споменавме двајцата ривали влегуваат со ист број на бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Семејството на Шумахер ќе купи вила од 27 милиони евра специјално за него

Семејството на легендарниот Михаел Шумахер има големи планови за иднината на поранешниот в…