Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ ја потврди судиската кражба на натпреварот Воска – Работнички!

ФФМ ја потврди судиската кражба на натпреварот Воска – Работнички!

Во својата судиска анализа Фудбалската федерација на Македонија ја потврди „кражбата“ за чист гол на Работнички во натпреварот против Воска Спорт минатиот викенд кој заврши без победник 1:1.

На натпреварот ФК Воска -ФК Работнички одигран на 07.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 72минута.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Климент Ристоски и Зоран Јанкуловски.

72 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За несигнализирано гол за гостинската екипа, топката со целиот свој обем ја помина гол линијата, при резултат 1:1)

Играч на гостинската екипа центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа, топката дојде до негов соиграч кој со глава ја удри топката која се одби во гредата и  со целиот свој обем падна позади гол линијата и се одби во поле. 

Погрешна одлука на првиот помошен судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката со целиот свој обем се одби позади гол линијата на домашниот гол, голот требаше да биде признаен.

Во оваа ситуација првиот помошен судија не беше добро поставен, односно не беше на самата корнер линија каде би имал подобра прегледност.

Oштетена била и Брегалница во натпреварот против Шкупи на домашен терен, но таа грешка за штипскиот тим не влијаеше на конечниот резултат со оглед на тоа што славеше победа од 1:0.

Комплетната судиска анализа можете да ја погледнете – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницат…