Вчера го дознавме првиот финалист на Азискиот клуп откако репрезентацијата на Јапонија го совлада Иран во првиот полуфинален натпревар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јапонија противникот во финалето ќе го дознае откако силите ќе ги одмерат Катар и Обединетите Арапски Емирати. Емирати до полуфиналето стигнаа откако во во осминафиналето го елиминираа Киргистан, а потоа во четвртфиналето беа подобри од Австралија. Од друга страна, Катар пред елиминацијата на Јужна Кореја во четвртфиналето, во осминафиналето го победи Ирак.
Токму натпреварот помеѓу Катар и Ирак беше напнат и тежок, а иако Ирак имаше свoи шанси, Катар славеше менимална победа благодарение на голот на Алрави во 62. минута.
Играчите на Ирак расплакани го напуштија теренот, а фотографиите од ирачкиот фотограф во моментите кога испадна неговата селекција го обиколија светот. Имено, еден фотограф од оваа земја со солзи во очите го следеше финишот на натпреварот и го фотографираше славјето на Катар и тагата на репрезентативците на Ирак.
An Iraqi photographer the moment his country got knocked out of the Asian Cup.
??? pic.twitter.com/4v3jo4GdzT
— Football Tweet (@Football__Tweet) January 28, 2019