Дома Фудбал Останато „Фудбал Ликс“ открива измами, но кај Канте откри уште еден доказ за неговата скромност и чесност

„Фудбал Ликс“ открива измами, но кај Канте откри уште еден доказ за неговата скромност и чесност

0

По кој знае кој пат ни пристигнува доказ за скромноста и чесноста на Н’Голо Канте.

Канте при трансферот во Челзи можел да потпише документ кој ќе го „спасел“ од губење на милиони евра, но тој тоа го одбил.

„Фудбал Ликс“ со своите документи открива измами поврзани со фудбалскиот свет, а во нивните документи се најде и еден поврзан за Канте. Меѓутоа во случајот на Французинот ситуацијата е поинаква и документите докажуваат дека за ништо не е виновен.

Еден од најдобрите играчи за врска одбил да ја користи „Оffshore“ компанијата на Ересеј, најголемиот остров во склоп на Каналските оствари за да избегне да плати данок од повеќе милиони евра. Челзи при потпишувањето на договорот му предложил на Канте да ги заштити своите авторски права во една држава преку која ќе се избегне плаќањето данок.

Канте прво се согласил, но потоа одбил да ги потпише документите и од Челзи побарал нормална плата. Тоа значи дека после потписот на новиот договор ќе плати околу 7.5 милиони евра данок. Францускиот фудбалер месечно ќе плаќа 630.000 евра данок и околу 340.000 евра национално осигурување.

Канте е познат по скромноста и неколку пати неговите соиграчи истакнуваа дека не сака да се фотографира после големите успеси, а познато е и дека не се туркаше да го подигне пехарот кога со Франција стана светски шампион. Секако играчите го повикаа и го подигна како еден од најзаслужните.

Во прилог на сето ова оди и дека покрај големите милиони кои ги добива тој се уште го вози својот Мини Купер од 2008 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар се враќа во тимот – ќе патува со ПСЖ на турнеја во Кина

Бразилската суперѕвезда Нејмар, ќе патува со Пари Сент Жермен на предсезонската турнеја во…