Aко им веруваме на странските медиуми, Н’Голо Канте е уште едно големо име кое сака да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во европскиот фудбал.
Канте изминатата сезона ја помина во тимот на Ал Итихад, а сега наводно изразил желба да се врати во Европа. Свесен е Фрнацузинот дека не може да игра повторно за некој од топ клубовите кои имаат најголеми амбиции, меѓутоа се појави информација дека Вест Хем е заинтересиран.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, „Чеканите“ се спремни да платат оштета од 23 милиони евра. Островските медиуми пренесуваат дека Канте не бил прв избор на Вест Хехм, меѓутоа клубот се одлучил за него откако Баер Леверкузен победил во трката за Алеиш Гарсија.