Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Фудбалерот на Реал Мадрид оди на Европското првенство, но во друга улога

Фудбалерот на Реал Мадрид оди на Европското првенство, но во друга улога

Давид Алаба минатиот декември на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Виљареал доживеа тешка повреда на коленото поради која не играше до крајот на сезоната, а поради истата повреда нема да може да настапи и за Австрија на Европското првенство.

Сепак, Алаба и селекторот Ралф Рагник пронајдоа начин капитенот на Австрија да биде дел од репрезентацијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дефанзивецот кој собра 105 настапи и постигна 15 голови за Австрија ќе биде дел од стручниот штаб и така ќе се обиде да и помогне на репрезентација.

Ова е одлука со која се согласи и Реал Мадрид, но ќе мора да се појави на припремите на „кралевит“ како и сите други фудбалери кои не играат на Европското првенство на 15. јули.

Ќе продолжи Алаба со рехабилитацјата и додека на Европското првенство под надзор на докторите на австриската репрезентација. Австрија на Европското првенство е во групата „Д“ каде што се уште Полска, Франција и Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…