Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалерите на Вардар се оставени сами на себе: Претседателот да го остави клубот на некој што знае да го води!

Фудбалерите на Вардар се оставени сами на себе: Претседателот да го остави клубот на некој што знае да го води!

Вардар иако е лидер на табелата во Втората лига и има четири бода повеќе од Гостивар, сепак ситуацијата во клубот е драматично лоша.

До јавноста со соопштение се огласија фудбалерите кои открија дека сами се справуваат со сите предизвици. Ситуацијата била толку лоша што сами се снаоѓале за основни работи како што се место каде што се игра стадионот (го обезбеудвале „Комити), пријателите сопственици на ресторан им помагале со храната, додека фудбалерите обезбедувале превоз до натпреварите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Исто така капитенот Дарко Мицевски сам си ја платил операцијата по повредата, додека благодарение на заложбата на еден играч обезбедиле да тренираат во Кадино. Дел од фудбалерите немале земен плата и 10-12 месеци…

СООПШТЕНИЕТО ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

„Соочувајќи се со веројатно најтешките моменти во историјата на клубот, ние играчите на ФК Вардар сакаме да ја известиме и да и ги доближиме на јавноста сите моменти кои ги преживуваме периодов, истовремено константно замајувани и залажувани со разни ветувања од кои ниту едно не е исполнето и покрај нашето професионално залагање на теренот каде со вонсериски напори достојно го презентираме името на најголемиот спортски бренд во Македонија.

Сакаме да известиме дека ние играчите, стручниот штаб, спортскиот директор Александар Бајевски, персоналот на клубот и навивачката група Комити сме буквално оставени самите на себе да ја биеме битката за враќање на Вардар во Првата лига. Од основни работи како закуп на стадион за натпревари кој ги покрива навивачката група, ручек пред натпревари кои ги обезбедуваме благодарение на пријатели сопстевеници на ресторани, самостојно собирање сопствени средства за закуп на автобуси за гостувања, перење на опремата, преку пријатели обезбедување опрема за тренинг и води за нормално функционирање и одржување на истиот.

Со лични заложби на еден играч е обезбеден и теренот за тренинг во населбата Кадино. Хируршката интервенција капитенот Дарко Мицевски ја плати од сопствени средства, додека голем дел од играчите немаат земено плата дури и по 10-12 месеци со што се донесени речиси на работ на егзистенцијата.

Ние играчите на ФК Вардар бараме сопственикот на клубот Слободан Крстевски доколку не е способен да го води клубот и навреме да ги исполнува договорените обврски, да го напушти и да го препушти раководењето на друг. Тажно е што мораме на овој начин да реагираме и да ја известиме јавноста со што се соочуваме додека истовремено ја водиме можеби и најважната битка во историјата на клубот. Со надеж и верба дека ќе проработи разумот и веднаш ќе се најде решение со кое несметано би продолжиле достојно и успешно да го презентираме Вардар, бренд кој тежи 12 шампионски титули и единствен учесник од државата во групната фаза на европските натпреварувања“, велат вардарци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…