Дома Македонски спорт Мак фудбал „Фудбалерите имаат земено една или две плати, овие момеци не се херои само на Вардар, туку на цела држава“

„Фудбалерите имаат земено една или две плати, овие момеци не се херои само на Вардар, туку на цела држава“

Фудбалерите на Вардар поминуваат низ тежок период во кој немаат земено плата неколку месеци, но и покрај тоа тие се лидери на второлигашката табела и се борат да го вратат клубот во најсилната конкуренција.

Сопственикот на Вардар, Слободан Крстевски гостуваше во емисијата „Топ Тема“ на „Телма“ и призна дека не е во состојба да го финансира клубот.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Изминатите шест-седум месеци имам проблем со финансирање на фудбалскиот клуб Вардар. Се бориме да обезбедиме од некои основни средства, да речеме од ручек, па до плати. Момците кои играат, подолг период немаат земено плата, проблем за кој бараме решение веќе подолг период. Меѓутоа, за жал, досега не успеавме да најдеме заеднички јазик со ниту еден спонзор, ниту со потенцијален нов купувач“, изјави Крстевски,

Во Вардар имаат проблеми со основните работи, како то е место за тренирање или инфраструктура…

„Имаме проблеми со инфраструктура, почнувајќи од немање каде да тренираме, до земањето на платите кои се основен параметар и основен услов за тие момци да излезат на терен и да остават срце за Вардар“.

Вардар во овој момент опстојува само поради желбата на фудбалерите.

„Едба или две плати имаат земено, а се први на табела. Буквално гинат на секој натпревар. Тие не се херои само на Вардар, туку херои на цела држава и се пример како треба да се функционира, кога еден колектив е на стаклени нозе. Тие се единствени заради кои Вардар е опстанат во моментот. Можат да кажат „од утре повеќе не играме, но продолжуваат заедно и со истата, заедничка, цел – враќање во првата лига и менување на целата слика за Вардар“, додаде сопственикот на „црвено-црните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Mбапе ги шокираше Французите пред ЕП: Политиката е поважна и од нашиот натпревар утре!

Францускиот голгетер Килијан Мбапе ги изненади своите сонародници и пред првиот натпревар …