Дома Фудбал Англија Френк Лампард се поврзува со клупата на Челзи сега се огласи и самиот тој

Френк Лампард се поврзува со клупата на Челзи сега се огласи и самиот тој

0

Манчестер Сити го победи Челзи во големото дерби на „Итихад“ и тоа со огромни 6:0.

Поради катастрофалниот резултат во медиумите веднаш започна да се шпекулира за можен отказ на Сари од клупата на Челзи.

Веднаш потоа започна да се шпекулира за тоа кој би можел да биде негов наследник.

Фаворит според голем дел од медиумите на Островот е сегашниот помошник на Сари, Џанфрако Ѕола. Покрај неговото име се појави и името на клупската легенда на Челзи, Френк Лампард.


Следете го Sportski.mk и на


Лампард е вистинска икона за навивачите на Челзи. Во дресот на Челзи тој одигра 429 натпревари и 147 пати се запиша листата на стрелци во перидот од 2001 до 2014 година.

Во 2014 година Лампард го напушти Челзи и се пресели во Манчестер Сити каде што одигра една сезона, за потоа премине во МЛС лигата каде што играше за Њујорк Сити. Во Њујорк се задржа една сезона после што стави крај на големата кариера.

Четири години подоцна тој започна своја тренерска кариера. Лампард оваа година ја минува првата сезона како тренер на клупата на Дерби Каунти во Чемпионшип.

Поради гласините кои го поврзуваа со Челзи тој доби и прашање дали е заинтересиран за клупата на „сините“.

„Ја следам ситуацијата во Челзи, тоа е така затоа што таму поминав многу време. Меѓутоа Челзи во овој момент има тренер за кого јас имам високо мислење и сигурен сум дека треба да остане. Не сум размислувал за мое враќање, сега сакам да бидам што повеќе успешен во Дерби“, изјави Лампард.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Златен е голем и го покажа тоа во разговор со момче пред натпреварот (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена ја покажа и својата добра страна. Се случи тоа во тун…