Дома Фудбал Италија ФОТО: Бонучи со еден потег ги налути навивачите на Јуве

ФОТО: Бонучи со еден потег ги налути навивачите на Јуве

Леонардо Бонучи со еден потег многу ги разлути навивачите на Јувентус, па сигурно ќе му спремат „пеколен“ пречек кога во март ќе гостува на „Јувентус Стадионот“.

Бонучи беше идол на навивачите на „старата дама“, а минатото лето ги разочара сите кога одлучи да се пресели во редовите на лутиот ривал Милан.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сега, Лео повторно крена прашина во Италија откако на својата официјална страна ја тргна сликата на која го држи 34-то скудето со Јувентус и намести слика на која го држи бројот 32.

Познато е дека „Старата дама“ има официјално освоено 33 титули, но во клубот тврдат дека имаат 35 бидејќи не признаваат тоа што им беа одземени две титули во 2006 година.

Очигледно е дека во Милано тие две Скудета не се признаваат, па Бонучи ја промени сликата на својата официјална страна со што ги разочара навивачите на „бјанконерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …