Дома Македонски спорт Мак баскет ФИБА не верува дека Македонија може на ЕП

ФИБА не верува дека Македонија може на ЕП

Утре кошаркарската репрезентација на Македонија ќе ги започне квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Прв противник на Македонија во салата „Борис Трајковски“ ќе и биде Естонија. Пред стартот на квалификациите ФИБА објави ранг листа на селекциите кои ќе се борат за пласман.

ФИБА на оваа ранг листа покажа дека не верува многу во нашата селекција и ја смести на 29. позиција. Послабо рангирани од нас се само Швајцарија, Романија и Австрија.

„Ако претпоставиме дека Италија и Русија се пресилни во оваа група тоа значи дека натпреварот помеѓу Македонија и Естонија во четврток може да одлучи се во групата. Тој е прв натпревар во таа група“, стои во објаснувањето на ФИБА.

Нашиот противник Естонија е рангирана три места пред нас. Италија и Русија исто така се во нашата група се на 6. и 7. место.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Дончиќ се потсети на денот кога го се запознал со Роналдо (ВИДЕО)

Лука Дончиќ е вистинска ѕвезда и прикажува одлични настапи во НБА лигата за Далас. Дончиќ …