Дома Останати Кошарка ФИБА ги одреди судиите за квалификациските натпревари против Естонија и Полска

ФИБА ги одреди судиите за квалификациските натпревари против Естонија и Полска

Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за последните два натпревари од првиот круг од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Односно натпреварите од групата „X“ во која е и нашиот сениорски национален тим.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


На натпреварот од првото коло, Македонија-Естонија, кој се игра на 23. февруари во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (од 19.часот), правдата ќе ја дели судиската тројка: Венцислав Великов (Бугарија), Керем Баки, Орхан Хекимоглу од  Турција. Во улога на делегат е Еран Атија  од Израел.

На оној наредниот, закажан за 26. февруари (од 18.часот), кој нашите најдобри кошакари ќе го одиграат во градот Сосновиец, против репрезентацијата на Полска, како официјални лица-судии, ќе бидат: Маетинс Козловскис и Гатис Салинс (Летонија), и Зафер Јилмаз (Турција), а делегат е Лидија Плеиќ од Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонија напредуваше на европската ФИБА ранг листа

Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 58. место на светската рејтинг листа, …