Дома Останати Ракомет Уште еден спонзор го „откачи“ Кјелце: Се отвора ли врата за враќање на Карачиќ во Вардар?

Уште еден спонзор го „откачи“ Кјелце: Се отвора ли врата за враќање на Карачиќ во Вардар?

Кјелце за само два месеци ги загуби двата главни спонзори, а тоа донесе и големи финансиски проблеми за поранешниот европски шампион, иако од клубот смируваат дека сезоната ќе тече според зацртаните планнови.

Компанијата „ПГЕ“ се повлекла од финансирањето на Кјелце на 1 август, а претходно екипата ја напушти и спонзорот „Виве“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Иако од клубот смируваат дека ситуацијата е под контрола и финансиите се стабилни, сепак многу медиумите сметаат дека полскиот тим е пред банкрот, а со тоа и бегство на најдобрите ракометари.

Се појавија шпекулации дека би можеле да си заминат Андреас Волф, Алекс Душебаев, Игор Карачиќ, а тоа повторно го постави прашањето дали Хрватот би можел да се врати во македоннскиот тим Вардар, каде што играше во минатото.

Да потсетиме, претходно газдата на „црвено-црните“, Михајло Михајловски ги демантираше таквите шпекулации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Проектилот на Кузмановски е еден од најдобрите голови на колото во ЛШ (Видео)

Еден од головите на Филип Кузмановски на дуелот меѓу Пелистер и Загреб беше избран за трет…